Меѓународниот филмски фестивал „Берлинале“ почна денес во главниот град на Германија.
Почетокот на фестивалот, основан непосредно после Втората светска војна, беше со политичка конотација затоа што на отварањето актерите го споменаа американскиот претседател Доналд Трамп.
Американската актерка Меги Џиленхол изјави дека во САД има многу граѓани кои се подготвени да пружат отпор на новиот претседател, мексиканскиот актер, пак, Диего Луна посочи дека е против изградбата на ѕидот на американско – мексиканската граница.
„Сакам да ги разгледам начините за рушење ѕидови и знам дека има ексерти за тоа во Берлин“, Диего Луна
Фестивалот го отвори францускиот филм „Џанго“ за џез гитаристот Џанго Рејнхарт на режисерот Етијен Комар, музичарот кој во 1943 година бегаше од нацистите.
Вкупно 18 филмови се натпреваруваат за „Златна мечка“ која ќе биде врачена на 18 февруари, на последниот ден од фестивалот на кој ќе бидат прикажани 400 филмови од 70 земји.
Со жирито претседава холандскиот режисер Пол Верховен познат по филмовите „Робокап“ и „Ниски страсти“.