Веселото расположение и празничната еуфорија се најдобри сојузници на љубовните и брачните двојки.
Ако партнерите имаат здрав однос, деновите кои доаѓаат ќе ги зближат уште повеќе.
Психотерапевтите велат дека празниците имаат позитивно влијание на врската, затоа што луѓето тогаш се посветуваат едни на други, имаат повеќе време, се дружат со пријателите и роднините.
Статистиката покажува дека во празничните денови партнерите имаат и повеќе секс.
Денес и тој и таа се притиснати од сите страни и немаат доволно време еден за друг, а празниците се идеален момент за релаксирање и посветување на партнерот и семејството.
Психотерапевтите, патем, додаваат и дека ако односите се лоши, двојките во овие денови уште повеќе се расправаат, лошо се чувствуваат и повремено доаѓа до насилни сцени.