Лица од обезбедувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, вечерва физички го нападнале пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, пренесува порталот „Либертас“.
Нападотот се случил во кафулето „Дион“, во Градскиот трговски центар во Скопје.
Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив, Мухамед Зекири, пратеник
„Дојде едно лице и на мене и пријателите ни рече напуштете го веднаш локалот, непожелни сте, има приватна забава. Се обидов да му објаснам дека имаме резервирано маса но тој ја преврте. Потоа почнааа со туркање да ме вадат надвор, а забележав дека во локалот е Сашо Мијалков. Еден од лицата извади полициска значка, а друг од зад грб ме удри. Случајот го пријавив во полиција“, изјави за Либертас нападнатиот Зекири.