Новиот преносен компјутер од компанијата Дел под името „Latitude 7285“ е прв уред од овој вид на светот кој поддржува безжично полнење. Станува збор за уред „два во еден“ кој користи оперативен систем Windows 10, а неговата продажба конечно почна. Цената изнесува 1.200 долари, а нуди пристојни спецификации меѓу кои е Initer Core i5-TY54 процесор, 8 GB RAM и 128 GB SSD меморија.
Лаптопот поседува 12,3 инчен екран со резолуција 2880х1920 пиксели, осетлив е на допир, а напред е и камерата која овозможува логување на препознатливи лица. Поседува два Thunderbolt 3 USB-C porta, mikro SD slot, SIM slot и влез за слушалки.
Безжичното полнење е многу слично на она кое го користи смартфонот Samsung Galaxy S8, што значи дека лаптопот треба да се постави на основа за полнење. Во цената од 1.200 долари не влегува тастатура со безжично полнење, како ниту основата за полнење, кои чинат 380 и 200 долари, што значи дека купувачот за технологијата за безжично полнење издвојува 580 долари, така што вкупната цена на целиот пакет изнесува 1.750 долари.