Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаба магла во одделни котлини и по речните долини, а на некои повисоки места и на планините ќе има сончеви периоди.
Локално сеуште е можно слабо проврнување дожд особено во јужните и во западните делови на земјава.
На планините ќе има слабо провејување снег и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до девет степени.
Во Скопје слично време со температура од еден до девет степени.
До крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со благо опаѓање на температурата.
Од понеделник ќе има покачување на дневната температура, а утринската ќе биде во опаѓање.