Продажбата на електрични возила во Европа во септември достигна 33.716 единици. Вкупно, за првите девет месеци од годинава на Стариот континент се продадени 214.147 електрични автомобили, што е за 33,2 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.
Најмногу возила на електричен погон меѓу јануари и септември се продадени во Норвешка (43.700), што е раст од 29 отсто во однос на истиот период лани.
Голем раст се бележи и во Германија, каде што за првите девет месеци се продадени близу 40.000 електровозила, а се повеќе купувачи за возилата кои ги покренуваат електромотори се одлучуваат и во Велика Британија, Франција…
Тоа се земји кои даваат најголеми субвензии за купување на електровозила и кои се движат од 5.000 до 12.000 евра.
Најпродаван електричен автомобил во септември е „тесла С“ кој го купиле 2.526 лица. Следат „рено зое“ со 2.306, „тесла Х“ со 2.136 и „мицубиши аутландер“ со 2.080 продадени возила.