Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 5.400 килограми мандарини со потекло од Турција заради зголемена количина на пестициди во нив.
Забраната следеше после редовниот преглед на пратка на храна од билно потекло при увоз, а станува збор за увозник со седиште во БиХ, соопштија од Републичката управа за инспекциски работи.
Надлежниот инспектор земал примероци за лабораториска анализа во Институтот за вода во Бјелина заради испитување на остатоци од пестициди. Врз основа на извештајот од анализата утврдено е присуство на „фенвалерат“ над дозволените вредности пропишани со Правилник за остатоци од пестициди во храната.
Зголемено присуство на пестициди било утврдено и при направената суперанализа заради што е донесена одлука за враќање на спорната пратка или нејзино уништување под надзор на надлежен федерален инспектор.