Припадници на руска воена полиција открија во сирискиот град Дума мапа со координати на позиции на милитанти на „Џејш ел Ислам“, со помош на кои пронашле нивни тенк и муниција, им раскажал на новинарите официјален претставник на полицијата.
На руската патрола и се обратил жител и им посочил зграда која, според него, била упоориште на терористи. При прегледот на станбениот објект припадниците на воената полиција пронашле тунел во кој нашле снимка со координати на групата „Џејш ел Ислам“.
„Тие стигнале на посоченото место и откриле тенк“, додал претставникот на полицијата.
Според неговите зборови, оклопното возило Т-62 било најдено со муниција. Тенкот ќе биде предаден во сириска фабрика заради ремонт.
Терористите користат разни видови на експлозиви, од домашна изработка, но и фабрички. Како што е соопштено од воената полиција, магацини со муниција кои припаѓале на мулитанти редовно се уништуваат.