Јужнокорејската компанија „Самсунг“ соопшти дека почнува со продажба по пониска цена на обновената верзија на смартфонот Galaxy Note 7, отакако минатата година го повлече од продажба поради безбедносни причини.
Новите апарати ќе имаат нови, безбедни батерии.
Продажбата на новиот преправен модел во Јужна Кореја ќе почне од петок, а цената ќе изнесува 700.000 вони (611 долари), што е три четвртини од неговата првична цена.
Galaxy Note 7, еден од најскапите смартфони на „Самсунг“, во два наврата пред една година беше повлечен од продажба откако стана јасно дека неговите батерии се прегрејуваат и се палат.
Повлекувањето на милион апарати од оваа серија, најголемиот производител на смартфони во светот го чинеше милијарди долари и нарушување на неговата репутација.