Северна Македонија ќе биде домаќин на подготвителен турнир во кошарка за јуниори на кој ќе учествуваат и репрезентациите на Албанија, Бугарија и Косово.
Селекторот на јуниорската репрезентација во машка конкуренција Тони Симиќ, заедно со своите стручни соработници работат напорно сокошаркарите во Скопје каде ќе се одигра и последниот пријателски турнир на оваа генерација во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б).
Репрезентативците до 18 години ќе ги нагостат соодветните национални селекции на Албанија, Бугарија и на Косово со кои ќе се надигруваат во наредните три дена, почнувајќи од денес, а сите натпревари ќе бидат одиграни во големата сала на „Кале“.
По турнирот, нашите репрезентативци ќе заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир, а неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство.