Европската асоцијација на производители на автомобили, АЦЕА, вели дека пазарот на возила на Стариот континент лани забележал скромен раст, иако продажбата подзапрела во последните четири месеци под влијание на примената на новите прописи за тестирањето на емисијата на гасови.
АВЕА вчера објани дека продажбата на автомобили во целата година пораснала за 0,1 отсто, на 15,2 милиони патнички возила, што е петта последователна година на раст, пренесува АП.
Позитивен резултат е забележан и покрај намалувањето на продажбата во периодот меѓу септември и декември, при што во последниот минатогодишен месец таа падна за дури 8,4 отсто, заради заострените правила за тестирање за емисиите на штетни гасови кои стапија на сила во септември, се наведува во текстот на американската новинска агенција.
Непосредно пред воведувањето на новиот лабораториски тест за автомобилите продажбата скокна во август за речиси една третина, затоа што производителите им понудија на купувачите поволни услови за купување со цел да ги „исчистат“ залихите на возила кои не ги исполнуваат новите стандарди.
Во декември единствено во Италија е евидентиран раст на продажбата од 2,0 отсто.
Кога станува збор за компаниите, тренд на пораст на продажбата бележи производителот на луксузни автомобили БМВ со раст на продажба од 9,0 проценти.