Борбата против дезинформациите во Југоисточна Европа“ ќе биде главна тема на седницата на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна
Европа (ПС на ПСЈИЕ), што ќе се одржи денеска во Собранието.
Со седницата ќе претседава пратеникот Џеват Адеми, а обраќања ќе имаат потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и Зоран Попов, претставник на Советот за регионална соработка.
На крајот на седницата предвидено е да бидат усвоени Предлогизвештајот и Предлог резолуцијата за справувањето со дезинформациите во ЈИЕ.