Ман Каур од Индија им покажа на сите дека немаат никакво оправдување кога ги мрзи да вежбаат
Дека никогаш не би требало да се откажете од своите амбиции покажа Индијката Ман Каур кога истрча трка на сто метри во 102 година од животот. Таа, во Окланд, со овации од новозеландската публика, патеката ја мина со резултат од една минута и 15 секунди.
Најстарата натпреварувачка се пријави во вкупно четири категории, вклучувајќи и фрлање копје, а дека сериозно го сфаќа своето хоби покажува и фактот дека допатува дури од Индија и тренирала со спортистите од својата земја.
Кога излегла на патеката сите мислеле дека нечија баба дошла да навива, но подоцна воочиле дека на себе носи необично долг натпреварувачки број со многу нули.
Имено, правилото е дека првиот број означува старосна категорија, што во нејзиниот случај е 100 и повеќе.
Единствена конкуренција во нејзината категорија била една домашна натпреварувачка на возраст од „деведесет и нешто“.
Ман со атлетика почнала да се занимава со 94 години, но секојдневниот тренинг не е пречи во готвењето и одржувањето на домаќинството.