Србите помлади од 18 години не ќе можат пред летото „да нафрлат“ бронзен тен во солариумите, затоа што за нив од денес употребата на овие уреди е забранета.
Според Правилникот за козметички салони и употребата на солариунм, кој беше донесен кон средината на февруари, повозрасните и понатака ќе можат да се „кварцаат“, но само ако претходно потпишат дека се запознати со сите можни ризици од користењето на апаратите со соларни светла.
Новите правила ги обрзуваат сопствениците да ја контролираат исправноста на апаратите на секои шест месеци и редовно да ги менуваат светилките.
Иницијативата да се ограничи употребата на солариумите за помладите од 18 години ја покрена Здружението на дерматовенеролози на Србија.
Во Австралија, на пример, потполна забрана за употреба и продажба на солариуми за сите лица без оглед на староста е на сила од јануари 2015 година. Солариумите од 2017 година се забранети и во земјите на Европската унија.
Се смета дека солариумите, кои Светската здравствена организација ги сврсти во првата група на предизвикувачи на канцерогени болести, се причината заради која во светот има повеќе од 450 илјади случаи на меланом, најтежок вид на канцер на кожата, а експертите велат дека и само едно одење во солариум го зголемува ризикот од настанување на таа болест.
Освен оние под 18 години, во Србија солариум не смеат да користат ниту оние кои боледувале или боледуваат од тумор на кожата, заболувања пропратени со засилена осетливост на УВ зрачење и топлота и оние кои земаат лекови чуствителни на УВ зрачење. Тоа се многу антибиотици, антидепресиви, лекови против акни, цитостатици, диуретици и антихипертензиви, но и некои лекови против болки кои често се пијат заради реума и главоболка.