Судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија” на СЈО продолжува на 3 септември, поради отсуство на вешто лице. Судијата Горан Бошевски, на почетокот посочи дека вештакот ја известил јавноста, но не го известил судот дека е на одмор. Застапник на обвинението Лиле Стефановска, од СЈО, рече дека вештакот ги известил и не знае зошто не го информирал судот.
Случајот “Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој се наоѓа во притвор, како и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Екс министерот Јанакиевски кој е во притвор во затворот во Шутка и веќе десетина ја одбива затворската храна, а вчера поради здравстени проблеми бил однесен во болницата „8 Септември“, денеска дојде на судењето за „Траекторија“.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелe штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.