Дури 4.000 Швеѓани веќе имаат вграден НФЦ-чип за непосредна комуникација (Near Field Communication), кој во прстите им служи како дигитален клуч, картичка за плаќање итн., пренесува данскиот портал „ЦПХ Пост“.
НФЦ-чипот е голем колку паричка и е сместен во стаклена капсула, за телото да не го отфрли. Засега, оваа технологија содржи малку податоци, но постои можност за усовршување и повеќе намени – за плаќање патни билети, па дури и за ГПС-лоцирање.