„Пожарот на потегот Страчинци – Брњарци на планината Скопска Црна Гора сè уште е активен“, информираа утринава за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје.
Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума.
Непристапниот терен и ветерот ја отежнуваа работата на пожарникарите.