Тотенхем сепак нема да го има премиерниот натпревар на новиот стадион на 3 март против Арсенал.
Средбата меѓу градските ривали ќе се игра на „Вембли“.
Сеуште не е познато кога „спарси“ ќе го имаат дебито на новиот домашен терен, но се шпекулира дека тоа може да е на 17 март против Кристал Палас, или на 6 април против Брајтон.
Лондонскиот клуб веќе со месеци го одлага отварањето на новиот „дом“ за нивните навивачи. Првобитно требаше премиерниот дуел да се одигра во октомври минатата година.