Турција соопшти дека е загрижена поради наводите дека кај полуостровот Крим припоен кон Русија било стрелано на украински бродови, а Полска го осуди „агресивното однесување на Русија“.
Турското министерство за надворешни работи објави дека не смее да има опструкции во сообраќајот на подрачјето на Керчкиот теснец кој го поврзува Црното море со Азовското море.
„Како земја која го дели крајбрежјето на Црно море, нагласуваме дека Керчкиот теснец не смее да биде блокиран“, се наведува во соопштението на турското министерство во кое се повикува на „одбегнување на чекори кои можат да ги загрозат стабилноста и мирот во регионот“.
Полското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое пишува дека „Русија ги прекрши меѓународните права со агресивно однесување кон бродовите на украинската морнарива во Азовското море“.
„Со сите сили го осудуваме агресивното однесување на Русија и го повикуваме нејзиното раководство да го почитува меѓународното право“, стои во соопштението на полското министерство.