Хаблот претстави три нови изданија Биг-Бенг часовници во ограничен број, во чест на 90. роденден на Скудерија Ферари…
Двата бренда официјално стапија во партнерство пред седум години, по што следуваа бројни специјални изданија. Најновиот хаблот-часовник „скудерија ферари 90 ениверсари“ е достапен во три различни верзии, инспирирани од постојните, но поранешни ферари-модели, а сè тоа искомбинирано со најсовремена часовничарска технологија.
Сите три модели содржат Хаблот УНИЦО-механизам со хронограф и резервна батерија од 72 часа. Во продажба се пуштени 90 поединечни примероци и десет колекционерски сетови со сите три часовници.
Моделите чинат 34.600 долари, 40.900 и 69.000 долари.