Благотворно делувачкиот чај од липа секогаш треба да се има во куќната аптека, дури и кога не е неговата сезона. Липата посебно делува на кардиоваскуларниот систем. Особено добрите резултати липата се покажа дека ги има во случај на хипертензија, затоа што го снижува притисокот, истакнуваат британски истражувачи.
Цветот на оваа билка ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, дури и кога се работи за проширувањето на вените. Поволно влијае и на самата крв, спречувајќи згрутнување. Делува и на намалувањето на можноста за запушување на срцевите артерии кои срцето го снабдуваат срцето со крв. На тој начин се намалува и ризикот од срцев удар.
Меѓутоа, лицата кои веќе пијат лекови против стварањето на тромбови или заради снижување на притисокот, како и други лекови за срце, треба да бидат внимателни при конзумирањето на чај од липа, затоа што тој може дополнително да го засили нивното дејство.