Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати четитка до православните верници по повод големиот христијански празник Божик.
„Почитувани православни верници, ми претставува особено задоволство, во мое име но и во име на сите нас при Демократската унија за интеграција, да ви го честитам големиот празник Божик со најискрени желби за спокој, мир, здравје и благосостојба во вашите домови и за вашите најмили.
Славењето и одбележувањето на раѓањето на надежта и на вербата треба да не поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж за подобар, посигурен, побезбеден и поперспективен живот за сите нас, заедно.
Посакувајќи ви ги сите благодети за вас и вашите семејства, уверен сум дека нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот, за соживот, за општество без предрасуди, напредок, мир и интеграција.
Празниците како Божик не потсеќаат да подзастанеме и да размислиме дали сме на правиот пат, а денес јас сум уверен дека сме во правец на нашата заедничка подобра иднина. Честит празник, за многу години, се вели во честитката од Ахмети.