Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално се врати на првото место на ранг-листата на Асоцијацијата на тенсики професионалци.
Пред точно две години Ѓоковиќ последен пат беше на чело на АТП, а пред само четири месеци беше на 22.место.
Тенисери во ТОП 10 на најновата ранг листа што АТП ја објави денеска:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.045 поени
2. Рафаел Надал (Шпанија) 7.480
3. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.020
4. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 5.300
5. Александар Зверев (Германија) 5.085
6 Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.310
7. Марин Чилиќ (Хрватска) 4.050
8. Доминик Тим (Австрија) 3.895
9. Кеи Нишикори (Јапонија) 3.390
10. Џон Изнер (САД) 3.425.