Првпат од почетокот на кариерата Новак Ѓоковиќ не брани ниту еден бод на најголемите турнири, со слобода да изведе скок од десет места како после титулата на Вимблдон. Секој следен голем трофеј донесува движење нанапред во самиот топ=тен, можеби и до првата позиција до крајот на годината.
Српскиот тенисер со крупни чекори тргна повторно кон врвот. После речиси сјајниот настап на трева (11-1, пораз од Чилиќ во финалето на Квинс), веќе се наоѓа на 55 бодови од лидерот Надал, а на 3.725 од второпласираниот Федерер.
Математиката е уште поголем сојузник на Новак, затоа што во вториот дел од сезоната може само да освојува бодови (во игра се меѓу 7.500 до 8.000), а двајцата најголеми ривали имаат се да бранат.
Надал брани нешто повеќе од 3.550. Најголеми проблем ќе има на Ју-Ес опен како актуелен шампион (2.000 бодови), во Шангај каде што играше финале (600) и во Пекинг каде што ја освои титулата (500).
Федерер не се прослави на последниот гренд слем (четвртфинале, 360), но на сите останати турнири ќе брани барем по 500 бодови. Тој ќе има тежок пат во Азија, затоа што во Шангај мора да го сочува тронот. За разлика од Шпанецот којшто минатата година се повлече од завршниот мастерс во Лондон, Швајцарецот ја има и таа „мака“ од 600 бодови за полуфиналето.
Во распоредот на српскиот ас засега се Роџерс купот и Синсинати (по 1.000), Ју-Ес опен (2.000), Шангај и Париз (по 1.000) во случај да успее на четирите мастерси и на гренд слемот, со можност бодови да се заработат и со пријава на некој помал турнир од серија 500, Новак би можел во Лондон да води борба за првото место.
АТП листа:
1. Надал 9.310, 2. Федерер 7.080, 3. Зверев 5.665, 4. Дел Потро 5.395, 5. Андерсон 4.655, 6. Димитров 4.610, 7. Чилиќ 3.905, 8. Изнер 3.720, 9. Тим 3.665, 10. Ѓоковиќ 3.355 …