ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 250 гр. ‘ржано брашно
- 50 гр. брашно од спелта
- 2 полни лаижички прашок за пециво
- прстофат сол
- 1 лажичка маслиново масло
- 300мл. вода
- сончоглед
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Измешајте ги брашното, маслото и водата и оставете ги да ферментираат. Пред да го ставите на печење, додадете сол и прашок за печиво и измешајте ги сите убаво за да биде рамномерно тесто. Ако смесата е премногу густа, додадете уште лажица масло.
Во плехот ставете хартија за печење а потоа ставете ја смесата. Со мокри раце изедначете ја смесата и потоа додадете го сончогледот, така што полека ке го натапкате во смесата за да не испопаѓа од лебот кога ќе се испече.
Плехот со тестото ставете го во рерна и печете околу еден час до еден час и половина во зависност од рераната и брашното колку вода има абсорбирано. Печете на 200 или 210 степени. При крај, доколку не сте сигурни дека е испечен, проверете со чачкалица во средината на лебот.
Од како ќе ја извадите чачкалицата, доколу има смеса на неа, тоа значи дека лебот сеуште не е испечен. Ако нешто се држи до чепкалка за заби, тогаш тоа не е. Ако треба да го продолжите печењето а сметате дека горниот дел може да изгори, тогаш покријте го со пекарска хартија.
Од како ќе го испечете, почекајте да се олади па тогаш сечете.
извор: hronokujna.com