Автор: Томислав Кежаровски

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, ги надгледуваше вежбите за гаѓање на артилериските единици во западниот регион, а во вежбите учествуваа „ново опремени супер големи“ ракетни фрлачи со повеќе цевки, објави денеска државниот медиум КЦНА. Ова се случува еден ден откако Јужна Кореја и Јапонија известија дека Северна Кореја лансирала неколку балистички ракети со краток дострел во морето, што е прв таков тест за околу два месеци. Вежбите имале за цел да ги тестираат „вистинските воени способности“ на повеќекратните ракетни фрлачи со калибар од 600 милиметри и подобрувањето на борбениот морал и подготвеност, соопшти КЦНА. Вежбите, исто така, вклучиле и симулација…

Read More

Инфлацијата во Европската унија забави во февруари, покажаа денеска новите проценки на „Евростат“. На ниво на Унијата, годишната стапка на инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во февруари падна на 2,8 отсто. Во јануари таа изнесуваше 3,1 отсто. Во еврозоната се лизна од 2,8 на 2,6 отсто, ја потврди „Евростат“ проценката од крајот на февруари. На месечно ниво, цените во февруари пораснале за 0,6 отсто. Во јануари тие се лизнале за 0,2 отсто во однос на декември, пресмета Европскиот завод за статистика, ревидирајќи ја проценката за зоната на примена на заедничката европска валута.…

Read More

Индија има план да биде меѓу петте најдобри светски производители на полупроводници во следните пет години, изјави Ашвини Ваишнав, министер за електроника и информатичка технологија, железници и комуникации. Индустријата за чипови „е многу сложен пазар, а глобалните ланци на вредности и глобалните ланци на снабдување се екстремно сложени во сегашниот контекст“, рече Ваишнав во петокот на Си-Ен-Би-Си. „Сметаме дека во следните пет години ќе бидеме меѓу првите пет најдобри нации за производство на полупроводници во светот. Се повеќе компании сакаат да ја намалат зависноста од Кина бидејќи тензиите меѓу САД и Кина не покажуваат знаци дека наскоро ќе завршат. А,…

Read More

Економски податоци за Кина за првите два месеци од оваа година објавени денеска ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Продажбата на мало се зголеми за 5,5%, што е подобро од очекуваното зголемување од 5,2% во анкетата на Ројтерс, додека индустриското производство се зголеми за 7%, во споредба со проценките за пораст од 5%. Инвестициите во основни средства се зголемија за 4,2%, повеќе 3,2 како што процеуваа аналитичарите. Стапката на невработеност за градовите изнесува 5,3 отсто. Онлајн продажбата на мало на физички стоки во јануари и февруари порасна за 14,4% во однос на истиот период од 2023-та. Вложувањата во недвижности во првите…

Read More

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам е пред враќање на теренот по долго отсуство. Фудбалерот на „волчицата“ имаше тешка повреда на коленото, која ја заработи уште минатата сезона. Добрите вести станаа јасни откако тренерот Даниеле Де Роси го објави составот на располагање за овој натпревар, а Абрахам беше вклучен во составот и беше ставен на клупата за резерви. Центарфорот беше опериран на коленото на крајот на минатата сезона. Тој беше надвор од терените речиси 300 дена и на Инстаграм објави видеа како го гледа тимот од трибините на стадионот Олимпико. Досега Абрахам на 107 натпревари за Рома постигна 36 голови и…

Read More

Корупцијата е нешто што е присутно во нашата држава, нема држава во која нема корупција. Таа е особено изразена во државите кои поминаа процес на транзиција. Еден од начините за намалување на корупцијата е продолжување на преговорите со Европската Унија, рече лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостување на утринската програма на „Слободен печат“. Тој порача дека е потребно држава што ќе ја изградиме да биде по правилата на ЕУ. – Тоа не е лесен пат, меѓутоа најдобро е тој пат да го изодиме заедно со Унијата, низ процесот на преговори. Нашата програма ќе содржи конкретни мерки во делот на…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Појасот Газа се соочува со глад и дека итно треба да се прогласи прекин на огнот. „Газа се соочува со глад и не можеме да го прифатиме тоа. Сега е клучно брзо да се постигне договор за прекин на огнот што ќе ги ослободи заложниците и ќе овозможи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа“изјави Фон дер Лајен за новинарите во Каиро по потпишувањето на договорот за стратешко партнерство со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Сиси рече дека Египет и европските лидери се согласиле да ја отфрлат воената операција…

Read More

Повисоките проценки на побарувачката на нафта како резултат на подобрената економска перспектива во САД и предвидувањата на Меѓународната агенција за енергија дека глобално побарувачката на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно предизвика раст на цената на нафтата од 4% минатата недела. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна на 85,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9%, на 81,04 долари. Зголемувањето на цената на лондонскиот пазар над 85 долари, првпат од ноември минатата година, следеше по процените на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми…

Read More

 Американскиот бизнисмен и инвеститор, Џеред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше и негов советник додека тој беше во Белата куќа, најави дека планира да инвестира во Албанија во туристичкиот сектор. Во интервју за Блумберг изјавил дека неговите инвестициски планови вклучуваат туристички одморалишта во Сазан и Зврнец. За реализација на овие проекти и на уште еден во Белград, рекол дека ќе инвестира над милијарда американски долари. -Инвестициите ќе се реализираат преку компанијата „Affinity Partners“ со седиште во Мајами, со поддршка од арапските земји. Според планот на Кушнер, во Зврнец ќе се градат илјадници сместувачки единици за туризам,…

Read More

Владимир Путин освои рекордни 88 отсто од гласовите на вчера одржаните претседателски избори во Русија, покажаа излезните анкети и првите официјални резултати, со што ја зацврсти неговата власт, иако илјадници противници организираа симболични пладневна протести на избирачките места. Првите резултати покажуваат дека Путин, кој дојде на власт во 1999 година, лесно освои нов шестгодишен мандат што ќе му овозможи да го надмине Јосиф Сталин и да стане лидер со најдолг стаж во Русија во повеќе од 200 години. Путин освои 87,8 отсто од гласовите, што е највисок резултат досега во постсоветската историја на Русија, покажа излезната анкета на ФОМ. Рускиот…

Read More