Автор: Томислав Кежаровски

Повеќе локации во Скопје и во Охрид вечерва во 20.30 часот потонаа во едночасовен мрак, како дел од акцијата „Час на планетата земја“, во која се вклучени 8.000 града во преку 180 држави ширум светот. Меѓу локациите кои ги изгаснаа светилките се претседателската вила „Водно“, Владата, Градскиот плоштад „Македонија“, сите објекти и мостови по кејот на реката Вардар, скопската тврдина Кале, Порта „Македонија“, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош, а во Охрид се Самоиловата тврдина, кејот „Македонија“ и црквите „Света Софија“, Плаошник и Канео. И оваа година акцијата се одбележува виртуелно, со одржување на првата дигитална климатска конференција во…

Read More

Австриската полиција казни политичари од партијата на Зелените заради непридржување на епидемиолошките мерки. Врвот на Зелените од покраината Тирол одржа состанок на кој очигледно не биле почитувани важечките мерки, кои, инаку, Зелените, кои заедно со Народната партија (ОВП) владеат во Австија, и сами ги наметнаа. На состанокот биле присутни осум покраински политичари, кои седеле на една маса. Од сите нив полицијата земала лични податоци и сега им се заканува парична казна во висина од по 1.450 евра. Реакцијата на Зелените на откриеното кршење на мерките била оригинална. Прво, на Фејсбук ставиле фотографија од почетокот на состанокот каде што сите до…

Read More

„Фејсбук“ ја блокираше страницата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, заради кршење на правилата, со промовирањето на лекот за кој во видеото тврди, без докази, дека може да го излечи коронавирусот. Мадуро во јануари годинава го опиша „Царвативир“, орална течност добиена од мајчина душица, како „чудотворен лек“ кој го неутрализира коронавирусот без какви било нуспојави. „Ги следиме насоките од Светската задравствена организација која вели дека моментно нема лекови за лечење на вирусот“, информираат од „Фејсбук“, и додаваат дека го блокираат профилот на 30 дена. Венецуелскиот претседател во овој период ќе може да чита, но не и да споделува информации на социјалната…

Read More

Пандемијата со корона во Франција се повеќе зема залет. Засега короната не се предава. Во петокот во земјата имаше 41.869 новозаразени, додека бројот на починати е зголемен за дури 897. Од тој број, во болниците за еден ден починале 303 пациенти, и дури 549 жители на старски домови, од вторник до петок, и покрај тоа што во овие установи се вакцинирани дури 90 проценти постари од 75 години. Бројот на пациенти на реанимација порасна за 57, на 4.766, а вкупниот број на лица на болничко лечење за 206, на 27.242. Властите и покрај се, се надеваат дека со постоечкиот полициски…

Read More

Tочно пред една година Македонија го официјализираше членството во најголемиот воено-политички сојуз, Северноатланската алијанса. Во вонредни околности, во услови кога светот се соочи со пандемијата на Ковид-19, на 27 март 2020 година во Вашингтон вршителот на должност амбасадор на земјава во САД, Вилма Петковска на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер му го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство. Со официјализирањето на членството, Македонија ја реализираше стратешката цел, зацртана со консензус во 1993 година. Само три дена подоцна, на 30 март лани, македонското знаме беше кренато да се вее пред седиштето на…

Read More

Воена техника на белоруската војска влезе во центарот на Минск заради најавените недозволени протести на опозицијата. Покрај камионите за превоз на војници, забележани се и оклопни возила како и водени топови за разбивање на демонстрации. Конвојот на војската го следеле бројни полициски возила, а војниците се распоредени пред резиденцијата на претседателот на Белорусија. Масовните протести на опозицијата почнаа на 9 август, после претседателските избори. Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите победи актуелниот претседател, Александар Лукаченко, со 80,1 отсто освоени гласови. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победила Светлана Тихановска. Освен тоа се одржуваат и…

Read More

Со поетско читање на македонски, германски, англсики, француски и шпански јазик во Европската куќа во Крива Паланка беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Настанот го организираше Европската куќа во Крива Паланка, а се реализира во соработка со средно општинско училиште „Ѓорче Петров“, центарот за младински инциијативи „Цик-цак“ и литературен клуб „Калин“ од библиотеката „Кочо Рацин“ на Центарот за култура – Крива Паланка. „Збогатувајќи ја културната понуда за младите во градот, реализиравме настан насловен ‘Отворен микрофон’ со кој одбележувањето на светскиот ден на поезијата беше повод да се соберат на едно место млади од неколку организации и институции на локално ниво,…

Read More

Намалени или неисплатени плати, откази и трансформирање на работниот однос од неопределено на определено време, се дел од работите поради кои работниците побарале правна помош и заштита во текот на минатата година. До Сојузот на синдикати на Македонија, кој има служба за бесплатна правна заштита за правата од работен однос, пристигнале голем број поплаки за неисплатени плати, иако за тоа биле обезбедени финансиски средства од страна на Владата, како дел од антикризните пакети за излез од кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Имало и случаи во кои работниците биле праќани дома и им била намалена платата со образложение дека…

Read More

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го повика рускиот претседател Владимир Путин, со уште четириесет светски лидери, да учествува на Самитот за климата што ќе се одржи на 22 и 23 април годинава, потврдија од Белата куќа. Бајден изјавил дека сеуште не разговарал со Путин, ниту со лисерот на Кина, но дека тие знаат оти се поканети. „Сеуште не, тие знаат дека се повикани, но уште не сум разговарал со ниеден од нив“, им рекол Бајден на новинарите. Претходно американската агенција АП објави, повикувајќи се на неименувани официјални лица, дека американскиот претседател ги повикал Владимир Путин и Си Џинпинг…

Read More

Морнарицата на САД на Бликиот Исток планира утре да испрати група свои експерти во Суецкиот канал како би ја продолжиле доветодавната помош на локалните власти во обидот за ослободување на гигантскиоѕ товарен брод насукан од вторникот, потврдија американски официјални лица. „Администрацијата на претседателот Бајден со внимание ја следи состојбата. Им понудивме американска помош на египетските власти за повторно отварање на каналот. Се консултираме со нашите египетски партнери за тоа како можеме да ги поддржиме нивните напори за решавање на случајот“, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, пренесува Си-Ен-Ен. Американската телевизиска мрежа наведува и дека египетската влада се сложила да…

Read More