Автор: Томислав Кежаровски

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м 2 , се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении. Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м 2 (производствени и технички простории), а…

Read More

Пет лица загинаа, а над 20 се повредени во автобуска несреќа на автопатот А9 кај Лајпциг на истокот на Германија, јавија германските медиуми. Неколку лица се со исклучително тешки телесни повреди. „Во несреќата загинаа пет лица“, потврди за „Билд“ полицискиот портпарол Олаф Хопе. Како што соопшти полицијата, повредените се згрижени и се прават подготовки за извлекување на автобусот. Сеуште нема информации за идентитетот на загинатите. Полицијата соопшти дека несреќата се случила околу 9.45 часот. Автобусот на „Фликсбус“ утрово во 8 часот тргнал од Берлин за Цирих, а во еден момент на автопатот свртел десно, се излизгал, удрил во дрвја и…

Read More

И покрај обидите на рускиот лидер, Владимир Путин, и руските државни медиуми вината за смртоносниот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“, во Москва, да ја лоцираат врз Украина, протекуваат се повеќе и повеќе детали за џихадистичката група ИС-К, која тврди дека стои зад тоа, пишува Би-Би-Си. ИС-К е кратенка од Исламска држава-Корасан. Тоа е регионален огранок на забранетата терористичка група Исламска држава, која е фокусирана на Авганистан, Иран и Пакистан. Групата си го дала името Корасан затоа што била дел од историскиот исламски калифат кој ги опфаќаше тие земји, како и северниот регион кон Централна Азија. ИС-К постои веќе…

Read More

Мост долг 2,6 километри се урна ноќва, час и половина после полноќ, во Балтимор, во американската сојузна држава Мериленд, откако во него удри товарен брод. На неколку видеа на социјалните мрежи се гледа како големиот товарен брод се приближува кон еден од столбовите на 47-годишниот стар мост Френсис Скот Кеј (И-695) и се забива во него, предизвикувајќи мостот да се урне во реката Патапско, заедно со многуте автомобили што во тоа време се наоѓале на него. Полицијата во Балтимор соопшти дека мостот делумно се урнал. „Тешката несреќа се случила во 1.35 часот. Сите ленти на мостот се затворени поради инцидентот,…

Read More

Велика Британија вчера по воздушен пат за прв пат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи повеќе помош да влезе во подрачјето разурнато од војната. Кралските воздухопловни сили исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, што вклучува вода, ориз, масло, брашно, конзерви со храна и храна за бебиња за цивилите во Газа. Авионот „РАФ А-400М“ полета од Аман за да испорача залихи долж северниот брег на Појасот Газа, како дел од меѓународната хуманитарна мисија предводена од Јордан, стои во соопштението до јавноста на британското Министерство за одбрана. „Пеколот што го предизвика нападот на Хамас…

Read More

Илјадници украински млади со наведнати глави одат по улиците. Не сакаат регрутирање за војната која трае веќе две години, на која не и се гледа крајот. Артем е внимателен кога излегува надвор. Тој избегнува места како што е подземната железница каде што полицијата проверува документи барајќи лица кои ја избегнуваат војската. „Некои од моите пријатели се параноични, воопшто не излегуваат“, вели тој во изјавата за „Политико“. Изгледа како бегалец, на главата има капа што му ги покрива очите дури и кога е облачно. Пред да влезе во кафулето за да се сретне со репортерот на „Политико“, раскажа, добро ја разгледал…

Read More

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените од полноќ се зголемија во просек за 1,33%, соопшти вчера РКЕ. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг. Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)…

Read More

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени. Од…

Read More

Руски истражители биле во Таџикистан за да ги испитаат семејствата на четворицата мажи кои стојат зад терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва, јавија светските агенции. Тројца таџикистански безбедносни извори изјавиле дека руските истражители ги испитувале семејствата на осомничените за нападот во Крокус Сити Хол во Москва, во кој загинаа 139 лица, а околу 180 се повредени. Изворите, кои не биле овластени да даваат информации за овој случај, велат дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата на осомничените од различни делови на земјата во главниот град Душанбе. Против четворицата напаѓачи во Русија е поднесено обвинение, а ако бидат обвинети им…

Read More

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис потпиша закон со кој на децата помлади од 14 години им се забранува пристап до социјалните мрежи и се бара согласност од родителите за децата да ги користат овие платформи. Освен тоа, законот налага да се укинат постоечките профили на деца под 14 години кои немаат родителска согласност, пренесува Ројтерс. Претходно, ДеСантис стави вето на нацрт-законот со кој се забранува користење на социјалните мрежи на сите деца под 16 години, додека во изменетата верзија, родителите на 14 годишните деца можат да дадат согласност за користење на социјалните мрежи.

Read More