Авиокомпаниите ги откажуваат летовите за Украина

LinkSense.mk

Украинскиот министер за инфраструктура вчера изјави дека повеќе од 10 авиокомпании го приспособиле распоредот на летови за Украина поради тензиите со Русија, но нагласи дека украинските коридори се уште се отворени, а воздушниот сообраќај е безбеден.

Германската Луфтханза“ вчера објави дека ќе ги откаже летовите за Украина, приклучувајќи се на „КЛМ“, која веќе го стори тоа. Скандинавската САД“, исто така, не сообраќа кон Киев, а Ер Франс одлучи од денес, од претпазливост, да ги откаже летовите меѓу Париз и украинкиот главен град.

Ова откажување на летовите на низа странски авиокомпании го диктира само информативното влошување на ситуацијата, а не стварната промена во безбедноста на летовите“, им изјави министерот Олександар Кубраков на новинарите.

Тој не ги именуваше компаниите за кои станува збор, но рече дека „државата работи на замена на откажаните летови“. Според министерот, Украина Интернешнл Ерлајнс (УИА) веќе ја отвори продажбата на билети и го зголеми бројот на летови од Киев до Минхен и Женева, кои повеќе не се осигурени од Луфтханза.

Две украински авиокомпании минатата недела објавија дека имаат проблем да договорат осигурување за некои од нивните летови, откако САД предупредија дека Русија може да ја нападне Украина во секој момент. Најголемата украинска компанија соопшти дека осигурителните компании им го укинале осигурувањето за некои авиони кои сообраќаат во земјата.