Австрија: Заострени мерки и во школите, децата не смеат на екскурзии

LinkSense.mk

Во училиштата ширум Австрија се заострени епидемиолошките мерки, кои не дозволуваат екскурзии и воншколски активности во следните две недели.

Покрај тоа, со одлука на Министерството за образование, времено се укинува можноста за користење на училишните простории за екстерни здруженија.

Воведена е, исто така, и обврска за носење маски од повисоко заштитно ниво од видот ФФП2, не само во повисоките класови, туку и во основните училишта.

За разлика од повисоките класови, меѓутоа, основците, кои до сега можеа да носат „обични заштитни маски“, своите ФФП2 маски ќе можат да ги извадат додека седат во својата клупа на часовите.

Министерството за здравство им наложи на училиштата наставничките совети, но и родителските средби или да ги одложат или да ги одржат дигитално.

Во следните две недели сите деца ќе се тестираат три пати неделно, од кои најмалку еден мора да биде ПЦР тест.

Од тестирање се исклучени само учениците кои прележале ковид-19, затоа што кај нив и без нова инфекција тестот можа да покаже позитивен резултат.

Новите мерки почнаа вчера и ќе бидат на сила до 27 ноември.

Од 29 ноември училиштата се враќаат на стариот план, а тоа значи дека само невакцинираните ученици ќе мораат да се тестираат.

Иаку, и аставиот персоал мора да се тестира, исто како и децата.