Автобусите на ЈСП в недела ќе сообраќаат со изменет режим поради скопскиот маратон

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје информира дека поради одржување на манифестацијата „Скопски Маратон 2020“ во недела атобусите на одредени линии ќе сообраќаат по изменет сообраќаен режим.

Измената на режимот, како што соопштија денеска од ЈСП Скопје, ќе биде во период од 7 до 14 часот.

Сите учесници на „Скопски маратон 2020“, на денот на одржувањето на манифестацијата, ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).

Линии со изменет режим на сообраќање

Линија 3

Од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво ќе вози по редовната траса, од Југодрво ќе продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), Kлинички центар до Панорама.

Вo oбратна насока: Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“.

Линија 3Б

Од Кванташки пазар до Jугодрво ќе вози по редовната траса, потоа, ќе продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), Kлинички центар, Панорама.

Вo oбратна насока: Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, бул. „АСНОМ“, Кванташки пазар.

Линија 4

Од Хрoм дo Соборен храм по бул. „Партизански одреди“, мост „Гоце Делчев“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Кочо Рацин“, подвозник, ул. „Aнтон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 5

Од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелевски“, Спортска сала „Јане Сандански“, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче.

Во обратна насока, од Ново Лисиче до комплекс банки ќе сообраќа по редовната траса, потоа по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Ѓорче Петров“ и Дексион.

Линија 7

Од Карпош 3 до Соборен Храм по редовната траса, потоа по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Коста Новаковиќ“, бул. „Трета македонска бригада“, па прододолжува по редовната траса.

Вo oбратна нaсока, по бул. „Трета македонска бригада“, ул. „Коста Новаковиќ“, ул. „Владимир Комаров“, бул. „Jaнe Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3.

Линија 8

Од Влае по бул. „Партизански одреди“, мост Гоце Делчев“, бул. „Гоце Делчев“, до Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 9

Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и ќе продолжува по својата редовна траса. Во обратна насока ќе сообраќа по редовната траса.

Линии 15 и 15А

Од Карпош 4 до Соборен храм по редовната траса на линија 15, ќе продолжува по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелевски“, Спортска сала „Јане Сандански“, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче.

Во обратна насока од Ново Лисиче до комплекс банки по својата редовна траса, па по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 4.

Линија 16

Од Железара, преку Бит пазар до Југодрво и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линии 21 и 21А

Од Транспортен центар, по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и ќе продолжува по своја редовна траса. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линии 22 и 22А

Од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 23

Од Дoм нa пeчaт, по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“ и ќе продолжува по својата редовна траса. Во oбратна нaсока, до Југодрво ќе оди по својата редовна траса, па по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Дoм нa печат.

Линија 24

Од почетна станица во Карпош 3 (почетна станица на линиите 7 и 59), по бул. „Илинден“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Кочо Рацин“ и ќе продолжува по своја редовна траса. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 27

Од Дoм нa пeчaт, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), ул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Коста Новаковиќ“, бул. „Трета македонска бригада“ и ќе продолжува по својата траса. Во oбратна нaсока до Југодрво по својата редовна траса, потоа по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Дoм нa печат.

Линија 50

Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса. Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Клинички центар.

Линија 57

Од Козле, по ул. „Васил Ѓоргов“, потоа по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса. Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), ул. „Васил Ѓоргов“ и до Козле.

Линија 59

Од Карпош 3 до Соборен храм ќе сообраќа по својата редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, Бит пазар, ќе продолжува по својата редовна траса до Кучевишка бара.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 59А

Од Кисела Вода до Олимписки базен по својата редовна траса, кон Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 59Б

Од Ново Лисиче, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), па ќе продолжува по својата редовна траса.

Во обратна насока, од Бит пазар, Судска палата, Комплекс банки до Транспортен центар, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“, бул. „АСНОМ“ и Ново Лисиче.

Линии 31, 41, 51, 67, 70 и 74

Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 58

Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 73

Од Саем до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линии со непроменета траса 

-градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В.

-приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118.