Автобустите на ЈСП во Скопје на Илинден ќе возат според неделен возен ред

Од Јавното сообраќајно претпријатие „ Скопје“ , информираат, дека утре, петок (2.08.2019 година), поради државниот празник Илинден, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

ЈСП соопшти дека дежурни ќе бидат три билетарници:

Транспортен центар од 7 до 19.30 часот
Зелен пазар од 7 до 19.30 часот
Ѓорче Петров од 7 до 13 часот