Агроплод бележи милионски пад на продажбата

Агроплод АД, според неконсолидираниот финансиски извештај, во првиот квартал од годинава бележи намалени трговски активности

Компанијата бележи и пад на продажбата од 5 милиони денари во однос на истиот период лани кога приходите од продажба изнесувале 8.108.000 денари.

Сепак, забележливо за овој период е намалувањето на залихите на недовршеното производство на почетокот и на крајот на годината за околу 70% во однос на ланскот прв квартал.

Оперативните расходи во Агроплод бележат мал раст што покажува сериозна активност на компанијата.

Тие изнесуваат нешто над 1 милион денари, што е зголемување за 700.000 денари во однос на првиот квартал од 2016-та.

Агроплод за првите три месеци од годинава отиде во „плус“ најмногу поради финансиските приходи кои изнесуваат солидни 5.285.000 денари.

Производителот на кондиторки производи кварталот го завршува со неоданочена добивка од 3.336.000 денари, што е за речиси 1 милион повеќе од истиот период лани.