Азербејџан ги гранатираше граничните позиции на Ерменија

LinkSense.mk

Азербејџански трупи синоќа ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

„Околу 21 часот и 30 минути, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските воени позиции на источниот дел на ерменско-азербејџанската граница, користејќи минофрлачи и огнено оружје од мал калибар“, се вели во соопштението на Министерството.

Засега нема информации за жртви на ерменска страна.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА/ЕФЕ)