Американската армија развива моќно ласерско оружје, најсмртоносно досега

LinkSense.mk

Армијата на Соединетите Американски Држави следната година планира да демонстрира работа на ласерско оружје од 300 киловати, најмоќно досега.

Оружјето со големина колку еден бродски контејнер кое се монтира на камион го развиваат две компании „ГА-ЕМС“ (General Atomics Elektromagnetic Systems) и „Боинг“.

Ова компактно ласерско оружје со голема моќ ќе биде најсмртоносно досега направено“, вели Скот Форнеј, претседатекот на „ГА-ЕМС“.

Американската морнарица во 2014 година го инсталираше првото високоенергетско ласерско оружје од 30 киловати. Повеќето војни ласери се движат во опсег од 30 до 100 киловати, што е главно доволно за соборување на помали дронови. Новото оружје што се најавува би требало да биде значително помоќно од сите досега што се ставени во употреба.

Обично, такво оружје се темели на повеќе индустриски ласери чиј излез се соединува во еден зрак. Но, новиот ласер се темели на поинаква технологија и користи големи стаклени плочи поврзани во серија, пишува магазинот „Нов научник“.

Џастин Бронк од британскиот институт „Ројал Јунајтед Сервис“ смета дека таков ласер може да собори поголеми објекти, како и повеќе цели по ред.

Со овој ласер може да се одбраните од балистички проектили, од дронови, авиони и хеликоптери“, вели Бронк.