Анализа на WWF: Петтина од населението во Европа би можело да почувствува недостиг на вода до 2050 година

LinkSense.mk

Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17 отсто од населението во Европа и 13 отсто од неговиот бруто домашен производ (БДП) би можеле да се соочат со високи до екстремни ризици од недостиг на вода до 2050 година.

Таа ситуација би можела да се избегне доколку владите и компаниите не преземат итни мерки за зајакнување на отпорноста на општествата и економиите, особено преку решенија засновани на природата. Новата анализа на WWF дава јасна слика за регионите кои се изложени на најголем ризик од недостиг на вода.

Иако земјите од регионот спаѓаат во категоријата со низок ризик, секоја драстична промена на континентот на крајот може да влијае на економијата во сите земји.

Европа ќе биде уште поподложна на суши

Четирите најважни реки на европскиот континент (Дунав, По, Рајна и Висла) се соочуваат со рекордно ниско ниво, загрозувајќи го бизнисот, индустријата, земјоделството, па дури и снабдувањето со вода за пиење на заедниците.

Новата анализа покажува дека Европа ќе биде уште поподложна на суши и недостиг на вода, и дава јасна слика за регионите со најголем ризик.

„Сушите во Европа не треба никого да шокираат: мапите за ризик од вода веќе долго време укажуваат на влошување на недостигот на вода низ целиот континент. Она што треба да ги шокира сите е тоа што европските влади, компании и инвеститори продолжуваат да замижуваат пред ризиците поврзани со водата како сами да се решат, но нема“, посочува извршната директорка на WWF Адриа Наташа Калауз.

Анализата за ризик од вода на WWF го опфаќа целиот Стар континент, но ги истакнува земјите кои најверојатно ќе се соочат со најголеми ризици до 2050 година години како Грција, каде што 82 отсто од населението и БДП би можеле да доаѓаат од области со висок или екстремен ризик.

Во меѓувреме, три четвртини од населението и БДП на Шпанија би можеле да се соочат со висок ризик, додека градовите во сливот на реката Гвадалкивир (Севиља, Мурсија, Гранада и Кордоба) се очекува да претрпат најголем ризик од недостиг до 2050 година.

 

 

ИЗВОР: МИА