Ангела Меркел има две пораки за Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека ќе се обиде да најде компромис со американскиот претседател Доналд Трамп, за проблемите, како што се трговијата и паричните издвојувања за војската и додаде
дека ќе работи на заштитата на важните односи меѓу Европа и САД.

„Тој своите уверувања јасно ги изнесе во говорот на инаугурацијата. Би рекла две работи во врска со ова. Прво, верувам дека најдобро за нас е ако работиме заедно почитувајќи ги правилата, вообичаени вредности и заеднички акции во меѓународниот економски систем, меѓународната трговија и дадеме наш придонес во воените сојузи“, рече Меркел по повод говорот на Трамп.

Како втора важна работа, таа истакна дека транс-атланските односи нема да бидат помалку важни во годините што доаѓаат од претходно.

„Ќе работам на тоа. Дури и кога ќе има различни мислења, најдобрите компромиси и решенија можат да се најдат кога разменувате идеи и ги почитувате“, изјави Меркел.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел изјави вчера дека Европа и Германија мораат да ги бранат своите интереси кога се работи за трговија, како и тоа дека на Германија ќе и биде потребна нова економска стратегија насочена кон Азија.

„Тоа што го слушнавме при инаугурацијата на Трамп се високи националистички тонови. Мислам дека треба да се подготвиме за грубо возење“, изјави Габриел во интервјуто за германскиот ЗДФ.

 

Попаметна работа

Додека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп положуваше заклетва, германската канцеларка Ангела Меркел се препушти на уживањето во уметничките дела на Клод Моне на отварањето на изложбата во Барберини музејот во Потсдам.