Ангела Меркел формира канцеларија „во сенка“, платите предизвикаа бура

LinkSense.mk

Кабинетот на Ангела Меркел откако таа ќе ја напушти функцијата канцеларка ќе го сочинуваат девет луѓе, а финансирањето ќе биде обезбедено од средства од Министерство за одбрана на Германија, пишува „Шпигл“.

Скандал предизвика фактот дека шефот на канцеларијата „во сенка“ ќе прима плата од 10.000 евра, како и неговиот заменик. Во кабинетот ќе работат и двајца помошници, секретарка и возач.

Во Германија претходно беше критикувано финансирањето на работата на канцелариите на поранешните германски канцелари и претседатели. Пред две години Бундестагот изгласа дека во таквите канцеларии можат да работат пет лица, кои ќе бидат платени од буџетот.

Госпоѓа Меркел од секогаш се претставуваше како скромна личност. Очигледно дека со тоа е веќе готово. Овој состав на нејзиниот иден кабинет остава впечаток дека сака да направи влада ‘во сенка’“, изјави Гезине Лош, од партијата Ди Линке.

 

 

 

 

(Фото: АП)