Ангела Меркел ќе се кандидира за четврти мандат

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно ќе се кандидира за канцелар на парламентарните избори следната година, пренесува ДПА.

Како што наведува германската агенција, повикувајќи се на извори во седиштето на владеачката Демихристијанска унија (ЦДУ), Меркел ќе се кандидира за четврти мандат на чело на владата во Берлин.

Во случај да победи на изборите во 2017 година и да го заврши четиригодишниот мандат, таа ќе го надмине рекордот на својот некогашен ментор Хелмут Кол, кој 16 години беше на чело на Германија.

Меркел (62) на изборите во 2005 година стана првата жена на чело на германската влада.