Анкета на ЕПСН: Јокиќ ќе биде МВП

LinkSense.mk

Ако ги прашате новинарите во колевката на НБА кошарката, титулата МВП му припаѓа на Никола Јокиќ.

Реномираниот ЕПСН направи анкета со прашањето кому му припаѓа титулата МВП за досегашниот дел од сезоната во НБА лигата.

Од 101 новинар кои учествувале во анкетата, 90 гласале за Јокиќ. Се гласало по истите пропозиции како на МВП гласањето. Секој од новинарите гласале за петмина свои фаворити. На првиот му се даваат најмногу, а на последниот најмалку поени.

Никола Јокиќ бил на листата кај секој од нив, а вкупно 90 новинари српскиот кошаркар го ставиле на првото место, осум на второто, двајца на третото и еден на четвртото. Кога се ќе се собере, центарот на Денвер имал 969 поени.

До официјалното доделување на тоа признание останаа само два месеца, но ако ги гледаме актуелните резултати, тешко ќе биде дека што било ќе се промени.

(Фото: АП)