Истражување: Многу Европјани се скептични за вакцините против Ковид-19

Скептицизмот во врска со вакцините против Ковид-19 останува широко распространет во Европската унија, изјави висок претставник на заедницата во врска со истражувањето на граѓаните на ЕУ, јави ДПА.

Триесет и три проценти од граѓаните на ЕУ велат дека не сакаат да се вакцинираат при прва можност, па дури и до крајот на годината, изјави Мартин Зелмајер, пратеник на Европската комисија во Виена.

Тој посочи дека тие ставови ризикуваат да ја поткопаат целта на ЕУ за постигнување колективен имунитет оваа година.

Зелмаер наведе податоци од ново истражување спроведено врз 27.000 граѓани на ЕУ во февруари и март.

Претставникот на ЕУ повика на разбирање ако планираниот документ за вакцинација „зелен сертификат“ во рамките на ЕУ не работи со 100 проценти од самиот почеток.

Зелмајер рече дека е важно 27-те земји-членки на ЕУ да се договорат за две клучни прашања пред да се воведе документот, што ќе им овозможи на луѓето поголема слобода на движење во регионот. Првото нешто што бара согласност е дали некое лице може да се смета за вакцинирано три недели по првата доза на вакцина или само по инјектирањето на втората.

Втората важна работа што треба да ја разберат земјите е дали само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација треба да бидат валидни во врска со овој сертификат, или дали носителите на „зелен сертификат“ исто така можат да бидат имунизирани со руска или кинеска вакцина.