Антисемитистички напад во Виена: Нападнато еврејско семејство

Само неколку часа после десничарскиот напад на синагога во германскиот град Хале, во кој се убиени повеќе лица, во Виена е нападнато едно еврејско семејство.

Инцидентот се случил пред два дена, во средата, на голем еврејски празник. Возач во Виена нападнал еврејско семејство со мали деца. При враќање од молитва од синагога кон дома, напаѓачот прво вербално, а потоа и физички ги нападнал. Против возачот е поднесена пријава.

Претседателот на Еврејската заедница Оскар Дојч изрази загриженост поради антисетистичкиот напад.

„Вакво нешто не смее да се случи во Австрија. Бараме целосно расчистување на случајот и кривична одговорност за напаѓачот“, истакна тој.

Дојч нагласи дека борбата против антисемитизмот и безбедноста на еврејските организации и нивните членови, мораат да бидат апсолутен приоритет на австриската влада.

(Фото: АП)