Антониот Гутереш: Не сум чудотворец

Новиот шеф на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денес дека тој „не е чудотворец“ и додаде дека сега се тешки времиња.

Пред почетокот на првиот рзботен ден во седиштето на ОН во Њујорк, Гутереш кој е од 1 јануари на местото на Бан
Ки Мун генерален секретар на светската организација, им асе обрати на вработените и ги повика заедно да работат, за да ја реформираат организацијата.

„Треба да кажам дека нема чуда, сигурен сум дека јас не сум чудотворец“, рече Гутереш и додаде дека неговиот избор поттикна големи очекувања.

Нагласи дека не треба да се биде во илузии и дека треба да се сфати дека сега се тешки времоиња, со бројни судири и појава на „нов феномен на светски тероризам“.

Гутереш по тој повод оддаде почит на „големодушноста на турскиот народ и на жртвите на гнасниот терористички напад“ во Истанбул во новогодишната ноќ.

ОН во своето дејствување ги намали страдањата на народите, но и „понатаму не успеваат да ги спречат и решат судирите“, рече Гутереш алудирајќи на војната во Сирија.

„Има исто така многу отпор, скептицизам во многу делови од светот околу тоа која улога можат да ја имаат ОН.

Треба да бидеме во состојба да ги увидиме своите пропусти и неуспеси“, им порача Гутереш на стотиците вработени и дипломати во холот на Секретаријатот на ОН во Њујорк.

Тој ги повика заедно да се заложат за промени, за реформирање и подобрување на работата на ОН и да се „ослободат од товарот на бирократија“.

„Единствен начин да ги постигнеме нашите цели е да работиме заедно, како екипа, во служба на вредноста на Повелбата на ОН која го соединува човештвото“, рече Гутереш.

На прашање на новинарите дали е загрижен поради неодамнешните критички зборови на идниот американски претседател Доналд Трамп за ОН, одговори:

„Не, загрижен сум за сите страшни проблеми со кои се соочуваме во светот“ и ги наведе војните, кршењето на човековите права и сиромаштијата.“

„Се надевам дека можеме да се соединиме и да ги решиме тие проблеми“, рече Гутереш.

Трамп, на Твитер, Обединетите нации ги нарече „клуб за состаноци, расправи и убав провод“.

Во новогодишната порака објавена во неделата Гутереш рече дека сака 2017 година да биде „година на мирот“.