Армијата во Либан вози туристи за да се финансира

„Поради економската криза што го погоди Либан, армијата на земјата почна да вози комерцијални тури со хеликоптери за да може да се финансира.

Командантот на армијата, генерал Џозеф Аун, минатиот месец предупреди дека кризата предизвикана од децениска корупција и прекумерното трошење во владата ќе доведе до колапс на сите државни институции во Либан, вклучително и армијата.

„Војната во која се наоѓаме е економска и бара неконвенционални средства и затоа добивме идеја да користиме хеликоптер, рече Аун.

Цената на овие тури го обезбедува неопходното одржување на авионите, додаде Аун и информира дека 15-минутно возење со воен хеликоптер Робинсон Р44 чини 150 американски долари. Либан страда од она што Светската банка го опиша како една од најдлабоките депресии во модерната историја.

Валутата изгуби повеќе од 90 проценти од својата вредност за помалку од две години и повеќе од половина од населението стана сиромашно.

„Повеќе сакам да потрошам 150 долари за воените авиони да продолжат да функционираат отколку во некој ресторан, изјави задоволен швајцарски посетител на турата.