Арсовска: „Не ви се плашам!“

LinkSense.mk

„Имам повеќе пријатели од непријатели, јас не се плашам од никого, а дали тие планираат да преземат нешто или не, тоа е нивна работа“, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се плаши за сопствениот живот и дали има многу непријатели.

„Во изминатите месеци се случија многу работи и свесна сум дека се соочувам со една машинерија од луѓе на кои моите постапки не им се допаѓаат, ама не им се плашам“, посочи таа.

Пред неколку дена скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека ги фатила „директорчиња на Христијан Мицкоски со рачињата во мед“ и го повика лидерот на опозицијата да не се крие и да не се заканува.

Откако Трајко Славевски и го угасна микрофонот штитејќи го својот партиски шеф, Арсовска изјави:

„Немој да се закануваш Мицкоски, немој да се криеш дојди тука во очи кажи ми“