Ахмети свика средба на лидерите на албанските партии во Македонија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за утре во 13 часот пратил покана за средба до сите лидери на албанските политички партии во Македонија, објави Порталб.мк.

„На утрешната средба повикани се сите албански партии без исклучок, изјавил портпаролот на партијата, Бујар Османи, за Порталб.

На средбата, истаклан Османи, се очекувало да се разговара за политичката состојба во земјава која настана по предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 овој месец.