Ве боли глава, уморни сте, расеани? Излупете една банана, исечете ја на тенки делови, ставете ги на парче интегрален леб и изедете ги, пиејќи истовремено шолја чај од камилица.
Зошто овој природен лек делува?
Бананата е богата со калиум кој ја подобрува циркулацијата на крвта и елиминацијата на течности и токсини.
Освен тоа, ако не е презрела, таа содржи прилично количество скроб, енергетски интегратор кој го закрепнува организмот и му дава сила.
Влакната содржани во лебот допринесуваат за активирање на дигестивниот систем чија работа често е пореметена поради лошата циркулација на крвта која истовремено е главен виновник за појавата на главоболка.
Камилицата дејствува смирувачки и ги стеснува крвните садови кои со главоболката се шират.