Бан Ки Мун се извини на Хаити за ширење колера

Генералниот секретар на Обединетите нации во заминување, Бан Ки Мун, се извини денес на народот на Хаити поради улогата на таа организација за ширење на колера во 2010 година, поради што умреа повеќе од 9.000 луѓе и за што се обвинети припадниците на ОН од Непал, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, до 2010 година на Хаити немало таква болест, додека припадниците на мировните сили од Непал не испуштиле заразена вода во река.

Од ОН до сега не ја прифаќаа одговорноста за ширење на болеста, од која се разболеа 80.000 луѓе.