Хаотичен Брегзит, односно излез на Велика Британија од ЕУ без договор, е секој ден се поверојатен, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит,Мишел Барние .
Таквата изјава на Барние доаѓа откако британскиот Парламент синоќа повторно не успеа да најде алтернатива за договорот за Брегзит, кој го предложи премиерката Тереза Меј.
И покрај лошата прогноза, Барние истакна дека се уште постои шанса да се постигне договор за Брегзит на самитот во Лондон на 10 април. Доколку Брисел и Лондон и тогаш не успеат да најдат заедничко решение, Британија официјално на 12 април ќе ја напушти Унијата без никаков договор.