Барселона во шок: Меси одби нов договор

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси одби да го продолжи договорот со каталонскиот клуб. Иако беше најавено дека продолжетокот на соработката речиси е договорен, до тоа сепак нема да дојде.

Аргентинецот ја одби иницијалната понуда на клубот за продолжение на договорот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Меси одбил плата од дури 35 милиони евра годишно, па Барса размислува да му понуди уште подобри услови.

Раководството и навивачите на Барселона се во шок. Нервозата е присутна кај сите, затоа што фудбалерот на 30 јуни влегува во последната година од договорот. Тоа значи дека некој друг клуб ќе може да потпише договор со него и тоа беш отштета.